Германското разузнавање ќе биде под надзор на нова комисија
Федералната канцеларија за заштита на уставот (БНД) ќе биде надгледувана од нова комисија составена од шест судии,објави весникот Зидојче цајтунг. Весникот се повикува на предлог-закон од канцеларијата на канцеларката. Четворица судии ќе имаат ранг на федерален судија и ќе имаат право да ја проверат законитоста на активностите на БНД, според документот на 11 страници.
Во мај, германскиот Уставен суд соопшти дека некои практики на разузнавачката агенција се неуставни.
Според одлуката, телефонскиот и интернет надзорот над странците надвор од Германија ги нарушува слободата на медиумите и правото на приватност на комуникациите вклучени во Уставот.
На таа активност се спротивставуваат главно новинарите кои известуваат за кршење на човековите права во зоните на конфликти и во авторитарните држави, кои стравуваат од моќта што му дозволува на БНД да собира, чува и анализира информации преку следење на телекомуникациите во странство.
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот кај Василево, ќе интервенира хеликоптер на МВР и ЕР Трактор
-
Почнува кампањата „Македонско најдобро“
-
И лозарите од штипско незадоволни од понудените откупни цени за грозјето
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода