Германското МНР со реакција за состојбата во Македонија
Германското Министерство за надворешни работи денеска реагира на вчерашните настани во македонскиот Парламент, јавува дописникот на МИА од Берлин.
- Талат Џафери е избран претседател на Парламентот. Овој избор како и резултатите од парламентарните избори мораат да бидат почитувани од политичките противници. Очекуваме владата да го обезбеди јавниот ред и мир во земјата, се вели во пишаната изјава испратена до МИА.
- Лидерите во Скопје треба своите европски обврски да ги претворат во дела, да ги прифатат резултатите од изборите и да ги имплементираат, се вели понатаму во реакцијата на прес-службата на Министерството за надворешни работи на Германија.
Според прес-службата на германското МНР, за оваа јасна порака денеска бил информиран и македонскиот амбасадор во Берлин, Сашо Марковски, кој бил повикан на разговор во врска со вчерашните инциденти во македонското Собрание.
Предходно од Самитот на Европската Унија на Малта министерот за надворешни работи Зигмар Габриел ги осуди инцидентите и порача дека нападите врз пратеници во Парламентот се неприфатливи, како и оти вакви инциденти не се очекуваат од земја кандидат за членство во Европската Унија.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска