Германското МНР со реакција за состојбата во Македонија
Германското Министерство за надворешни работи денеска реагира на вчерашните настани во македонскиот Парламент, јавува дописникот на МИА од Берлин.
- Талат Џафери е избран претседател на Парламентот. Овој избор како и резултатите од парламентарните избори мораат да бидат почитувани од политичките противници. Очекуваме владата да го обезбеди јавниот ред и мир во земјата, се вели во пишаната изјава испратена до МИА.
- Лидерите во Скопје треба своите европски обврски да ги претворат во дела, да ги прифатат резултатите од изборите и да ги имплементираат, се вели понатаму во реакцијата на прес-службата на Министерството за надворешни работи на Германија.
Според прес-службата на германското МНР, за оваа јасна порака денеска бил информиран и македонскиот амбасадор во Берлин, Сашо Марковски, кој бил повикан на разговор во врска со вчерашните инциденти во македонското Собрание.
Предходно од Самитот на Европската Унија на Малта министерот за надворешни работи Зигмар Габриел ги осуди инцидентите и порача дека нападите врз пратеници во Парламентот се неприфатливи, како и оти вакви инциденти не се очекуваат од земја кандидат за членство во Европската Унија.
Ново на Сител
-
Трамп: Трговскиот договор со Канада ќе биде тежок поради плановите за признавање на палестинската држава
-
Русите го зазедоа Часов Јар
-
Активни три пожари и еден под контрола од вкупно 28 регистрирани
-
Сообраќајка на патот Струмица-Берово
-
Во Собранието седница за пратенички прашања
-
Ќе се носи одлука за избор на народен правобранител, ќе се распише и оглас за претседател на ДКСК
-
Канада планира да ја признае палестинската држава во септември
-
Вкупно 18 членки на ЕУ поднеле барање за исплата на средства од одбранбениот механизам САФЕ