Германско МНР: Прашањето за отштетата на Полска за Втората светска војна е затворено
Прашањето за репарации поради окупацијата на нацистичка Германија е заклучено, соопшти официјален Берлин, откако Полска вчера излезе со ставот дека проценетата штета од германската окупација во Втората светска војна узнесува 6.200 милијарди злоти и дека ќе бара исплата на тие средства.
„Ставот на германската Влада не е променет. Прашањето за обештетувањето е заклучено“, изјави преку е-пошта портпаролот на германското МНР.
„Полска се откажа од натамошни репарации многу одамна, во 1953 година. Таа откажувањето неколку пати го имаше потврдено. Тоа е основата на денешниот европски поредок. Германија стои на својата политичка и морална одговорност за Втората светска војна“, додаде портпаролот.
-Полска процени дека нејзината воена штета од нацистичката агресија изнесува околу 1.320 милијарди долари и официјално ќе побара репарации од Германија, изјави вчера лидерот на најголемата полска партија, Јарослав Качински.
Британските медиуми пренесуваат дека оваа нова проценка на штетата е повисока од 850 милијарди долари што во 2019 година ги претстави претставник на полската владејачка партија Право и Правда (ПиС).
Ново на Сител
-
Агелер не е изненадена што Груби се најде на ,,црната листа''
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Мерко именувал библиотекар за директор на училиште
-
Законот за интонирање на македонската химна денеска пред пратениците: Јаневска очекува да добие поддршка
-
Дурмиши: Новогодишната кошничка ќе донесе заштеди над 1200 денари месечно
-
Депонијата Буково полна со отровен отпад
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот