Германските власти запленија станови на руски пратеник
Недвижен имот и банкарски сметки на руски државјани кои подлежат на европски санкции денеска првпат се запленети во Минхен, соопшти градското државно правобранителство.
-Ова е прв случај на конфискација на конкретен недвижен имот, а не само на замрзнување на готовински депозити, изјави вишата државна обвинителка Ен Лејдинг.
Запленети се три стана во Минхен во сопственост на пратеник од руската Дума и неговата сопруга.
Банкарските сметки кои беа блокирани добиваа 3.500 евра месечно приходи од кирија
Од 23 февруари претставникот кој е сопственик на становите е вклучен во списокот на лица под санкции од Европската Унија.
Тој во парламентот го поддржа предлогот на претседателот Владимир Путин да бара признавање на сепаратистичките области во Украина, што овозможи напад врз оваа земја.
Станарите на одземените станови можат да останат во тие станови до понатамошно известување.
Ново на Сител
-

Уставен одлучува за платеното рекламирање по иницијатицата на Левица
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик
-

Сиљановска на Самитот на НАТО: Обединета Европа значи посилна Европа
-

Локалитетот „Баргала“ можеби „крие“ постара историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
