Германските министри бараат екстра пари за бегалците
Федералната министерка за домување Барбара Хендрикс од Владата во Берлин побарала нов буџет со цели да се справи со трошоците за интерграција и сместување на бегалците.
Министерката бара 1,3 милијарди евра кои што треба да се одобрат во момет кога земјата на почетокот на годинава се соочува со влошени економски перформанси.
Хендриск вели дека сака да ја превенира растечката конкуренција меѓу германците и бегалците при пронаоѓање дом. „Дали интеграцијата ќе функционира ќе биде одлучено во нашите градови и села. Соодветно сместување за сите е еден од најважните предуслови за успешна интеграција“, изјави министерската.
Брањето на Хендрикс е придружено од нејзината партиска колешка од СПД и министер за Труд и Социјални работи Андреа Нахлс кој за зголемените трошоци во неговито ресор бара дополнителни половинна милијарда евра за оваа година. Со овие пари треба да се отворат нови работни места за тие што веќе добиле азил во Германија.
Таа предупредува дека невработеноста која што кај некој бегалци трае цела година може да биде многу опасна за Герамнија. „Оваа ситуација создава притисок за сите, затоа мора да реагираме побрзо“, вели Нахлс која што смета дека парите за бегалците не треба да бидат земени од буџетот за невработените Германци а проблемот може да се реши со помош на министерот за финансии Волфганг Шојбле.
Ако се земат предвид плановите на министерството за финансии Нахлс не треба да се надева на помош од Шојбле кој што според медиумските извештаи предвидува зголемување на националниот долг до 200 отсто до 2060 година.
Ново на Сител
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица
-
Денеска гласаат вкупно 505 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка, Ранковце и Кратово