Германските истражни органи очекуваат нови апсења за нападот на Божиќниот пазар во Берлин
Германските власти се уште трагаат по одговорните за терористичкиот напад што во понедленикот се случи на Божиќниот пазар во Берлин, откако лицето кое беше уапсено веднаш по настанот беше ослободено поради недостиг од докази.
Во меѓувреме, пренесе ДПА, терористичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.
Полицијата во Берлин соопшти дека до синоќа се примени 508 повици од граѓани што се однесуваат на инцидентот.
Медиумите утринава јавуваат дека истражните органи се уште не е познато дали имаат конкретни траги за работа на случајот.
Според шефот на Германската истражна служба (БДК), Андре Шулц, во најскоро време се очекуваат нови апсења.
- Јас сум прилично уверен дека ние ќе имаме нов осомничен уште утре или за брзо време, изјави синоќа Шулц за телевизијата ЗДФ, додавајќи дека има „солиден доказен материјал" и „многу траги".
Во меѓувреме, властите ги засилуваат мерките за безбедност.
- Ќе го зголемиме полициското присуство и ќе ја зајакнеме заштитата на божиќните пазари. Ќе имаме повеќе патроли. Тие ќе носат автомати. Сакаме пристапот до пазарите да го направиме потежок, па затоа и ги паркираме автомобилите во непосредна близина, изјави претседателот на групата на 16-те покраински министри за внатрешни работи, Клаус Бујон, за весникот „Пасауер ноје пресе".
Баварскиот министер Јоахим Херман додава дека ризикот од исламистички напади е зголемен заради напливот на мигранти од Блискиот Исток.
Ново на Сител
-
Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, а над 400 метри од центарот на жариштето не е измерена загаденост
-
Илјадници Американци му оддаваат почит на убиениот Чарли Кирк
-
Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија
-
Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд
-
Приведен управителот, управувачкиот комитет за кризи заседава во МВР
-
Орбан: Европа под водство на Фон дер Лајен оди кон провалија
-
МЗ: Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи