Германскиот политичар Мартин Пацелт примил бегалци во својата куќа

Во морето информации за судири меѓу Германците и азилантите и барањата на политичарите за што поригорозни мерки, особено против бегалците од западен Балкан, приказната на политичарот Мартин Пацелт спаѓа во оние поемотивните случаи во кои Германија покажа срце, пишува денеска германскиот печат.
Како што пишува дневниот весник „Велт“, Пацелт, имено, во својата куќа во селото Бризен, кај Франкфут на Одра, каде и живее со сопругата и едно од своите пет деца „примил две момчиња бегалци од Еритреја“, на кои им го понудил својот дом, помош и учење на јазикот.
- Ние сакаме, овде, да им понудиме почетна помош, да им помогнеме да го научат јазикот и „потоа, како нашите сопствени деца, да ги пуштиме во животот, рече Пацелт, кој е пратеник на Христијанско-демократската унија во Бундестагот и некогашен долгогодишен градоначалник на Франкфурт на Одра.
Семејството Пацелт имааат пет деца и десетина внучиња, а едно од нив на Ееритрејците Хабен (19) и Авет (24) им дава часови по германски јазик.
Пред две години, кога Зелените во Бундестагот бараа повеќе пари за хуманитарна политика, пратеникот Пацелт му пиша на својот колега од партијата на Зелените, Ханс-Кристијан Штребел и му предложи „ двајцата во своите домови да примат бегалци“. Тој тоа навистина го стори, од Штребел не доби одговор, а од „некои од своите сограѓани, како што пренесува дневниот весник, доби закани со смрт.
Пацелт израснал во семејство со 13 деца и затоа вели дека со својот чин сака да поттикне, а не и да присилува, но додава дека Германија мора да ги прифати сите оние кои бегаат од војната.
За чуствителни моменти „во кои Германија покажала срце“, деновиве пишуваше и таблиодот „Билд“, наводувајќи примери од хуманоста.
Таблоидот го пренесе случајот на Улф Небе, директор на едно училиште од Хамбург, кој на своја рака „во гимназијата организирал одделение за бегалските деца, објаснувајќи го својот потег, едноставно, со тоа дека немало време да се чека на инцијатива од институциите.
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
