Германскиот педофил Иво бега низ шумa, го бараат стотина полицајци
Потрагата по педофилот Иво Етиен Рауш во Германија и натаму трае. Бездомникот, кој медиумите го нарекле германски Рамбо, со лак и стрела им бега на полицајците и се крие во шума, а по него трагаат повеќе од сто полицајци речиси 48 часа.
Полицијата во Офенбург на југозападот на Германија соопштила дека полицајците се пробиваат низ непристапниот терен со поддршка на кучиња трагачи и хеликоптери.
Драмата почнала во неделата откако полицијата го сопрела Рауш поради проверка. Тој прво соработувал со полицијата, за потоа одненадеж да извади пиштол, да им се заканува и ги принудил да го предадат своето оружје. Разоружил дури четворица полицајци.
Потоа, вооружен со нивното оружје и лак и стрела побегнал во шума, каде веројатно се уште се крие.
Германската полиција набрзо го објавила идентитетот на бегалецот на кој, како што пренесуваат германските медиуми, на товар му се става педофилија и обид за убиство. Наводно Рауш во 2010-та година со лак и стрела тешко ја ранил својата тогашна девојка по расправија. Исто така, осомничен е дека собирал детска порнографија.
"Веруваме дека станува збор за опасен човек и ги молиме луѓето во своите возила да не примаат стопери и ако е можно да не ги напуштаат своите домови додека не го фатат бегалецот", соопштиле од полицијата.
Полицијата верува дека Иво успешно се крие по шумите бидејќи одлично го познава теренот. Наводно живеел во една од колибите длабоко во шумата. Според неофицијалните информации и тој и претходно доаѓал во судир со полицијата поради илегален посед на оружје. Во последниот стан во кој живеел била пронајдена поголема количина на оружје. Станот наводно го напуштил бидејќи повеќе не можел да плаќа кирија.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?