-->
-->
Германскиот министер за здравство очекува пронаоѓањето на вакцина за Ковид-19 да потрае неколку години
-->
Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан истакна дека пронаоѓање вакцина за новиот коронавирус може да потрае неколку години, откако претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека вакцината може да се очекува кон крајот на 2020 година.
– Многу би се радувал ако тоа се случи за неколку месеци, но мислам дека треба да бидеме реални. Процесот може да трае со години, бидејќи може да биде разочарувачки, како со другите вакцини, изјави Шпан.
– Развивањето вакцина е една од најтешките работи, додаде Шпан.
Трамп беше многу пооптимистички за ова прашање и истакна дека вакцината ќе ја има до крајот на годината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
