Германски весници за назначувањето на Џонсон за шеф на британската дипломатија
„Шега“, „Британски хумор“ – се дел од насловите на германските весници по објавувањето дека Борис Џонсон ќе биде нов британски министер за надворешни работи.
Со назначувањето на Кралот на Брегзитот за министер за надворешни работи, отпаѓаат сите сомненија околу фактот дека британската политика работи не за доброто на државата туку за лични амбиции за тактики за добивање власт и за вршење услуги, коментира Шпигел во текст со наслов – Одеднаш Џонсон стана дипломат. Весникот додава дека самиот Џонсон изгледа изненаден од назначувањето.
Џонсон – министер за надворешни? Тоа е типичен британски хумор, коментира Зидојче цајтунг.
Весникот Берлинер цајтунг пишува дека назначувањето на Џонсон е големо изненадување откако дел европски дипломати почнаа да зборуваат за крај на неговата политичка кариера.
Велт додава дека Џонсон ја нарекол Хилари Клинтон како „садистичка медицинска сестра“ и ја поистовети ЕУ со Хитлер.
И ставовите на германските политичари се речиси исти. Заменик претседателот на германската СДП Ралф Штегнер вели дека назначувањето на Џонсон за министер, Меј си ја ослабнала позицијата.
Ново на Сител
-
Камен темелник на Ветерниот парк во Штип
-
Вреди: Во Струга имаме сигурен кандидат
-
Арпата од ланската реколта ќе се откупува за стокови резерви
-
Бројни културни манифестации за привлекување туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори