Германски претседател: Социјалните мрежи ја уништуваат критичката мисла
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изрази загриженост за влијанието на социјалните мрежи врз демократијата, нагласувајќи дека традиционалните медиуми губат простор во политичките дебати.
– Комуникацијата во политиката радикално се менува. Дебатите се префрлаат од квалитетните медиуми на социјалните мрежи, што длабоко ја трансформира демократијата, изјави Штајнмаер за германскиот весник „Аугсбургер Алгемајне“.
Според него, традиционалните медиуми овозможуваат темелна анализа и дебата, додека социјалните мрежи функционираат на црно-бел принцип – „да“ или „не“, без простор за нијансирано размислување. Ова губење на критичката мисла е вознемирувачко, вели тој.
– Заштитата на либералните вредности значи дека мораме да бидеме активни и во дигиталниот простор и да не им оставаме простор на оние што ја загрозуваат нашата демократија, порача германскиот претседател.
Ново на Сител
-
22 објекти имаат важечки лиценци во цела држава, утврдиле пазарните инспектори
-
Мирен собир во Струмица
-
Мирен собир на Градскиот плоштад во Скопје
-
Мирен собир во Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, расте бројот на притворени
-
Тошковски ги разреши началниците од Штип и Кочани
-
Склад за гориво пронајден во непосредна близина на дискотеката
-
Мицкоски: Ќе одговара секој кој има вина