Германски политичари бараат повлекување на војниците од Турција

Пратеници во германскиот Парламент инсистираат на повлекување на припадниците на националната армија од Турција, поради тоа што официјална Анкара одбива да дозволи посета на делегации од Берлин на воената база во Инџирлик.
- Како пратеници кои одлучуваат за испраќање на војници во странство ние мора да знаеме како се тие и мора да бидеме во можност да разговараме со нив, Ако тоа не е можно во Турција, тогаш војниците мора да се вратат дома, изјави пратеникот и шеф на германските Зелени, Оздемир Чем за телевизијата АРД.
Предходно германската канцеларката Ангела Меркел за телевизијата ЦДФ изјави дека е „важно германските министри да можат да патуваат во Инџирлик и да ги посетат војниците“.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, по усвојувањето на резолуцијата со која масакрот на Отоманска Турција врз Ерменците во Прват светска војна беше проглсен за геноцид, официјална Анкара забрани посета на воената база Инџирлик за политички преставници на Германија.
Дозвола за посета на базата сега имаат само германски воен и технички персонал.
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
