Живот
5. February 2019 - 17:34

Германски педофил користел деца за да намами жртви: Монструм посвоил девојче (7) и го силувал, собрани докази за злоставување на 29 деца

Маж од Германија е уапсен под сомнение дека 29 деца ги силувал повеќе од 1.000 пати. Според новите информации тој децата ги намамил преку девојче (7), кое исто така го злоставувал, пренесува Дејли Мејл.

Андреас В. (56) наводно искористил девојче (7), кое го вдомил за да намамува момчиња и девојчиња во својата викендичка во парк на западот на Германија.

Постојат информации дека и неа ја силувал. Се работи за ќерката на неговата поранешна жена, која центарот за социјална работа му ја доверил на чување, откако двојката се развела.

Според канцеларијата на јавниот обвинител, Андреас В. минатата деценија сторил над 1.000 кривични дела силување, и покрај фактот што полицијата и Центарот за социјална работа примиле неколку предупредувања за неговото однесување.

Според пишувањето на германскиот Билд, педофилот создал „удобна“ средина во која и децата се чувствувале сигурно. Луѓето од крајот истакнаа дека Андреас В. бил познат како „премногу пријателски расположен кон децата“ и дека децата често ги водел на излети кои сам ги организирал.

Уште еден маж (33), чие име не е објавено, е уаспен под сомнение дека сторил масовно силување. Тие двајцата наводно дошле во контакт со трет маж (46) преку дарк нетот.

Портпаролот на полицијата рече дека полицајците во домовите на осомничените пронашле над 13.000 слики со детска порнографија. Првите предупредувања за масовното злоставување на деца кое наводно почнале во 2008 година, а траеле се до апсењата во 2018 година, а на властите им се проследени во 2016 година.

Тогаш Јенс Рузситска рекол дека неговите ќерки биле жртви на Андреас В. Отишол во полиција и во здружението за заштита на деца, но ништо не е направено по тоа прашање. Тој исто така пријавил дека педофилот ја допирал облеката на децата на една роденденска забавам но ништо не е направено по повод ова сведочење.

Тогаш Јенс го удрил педофилот во лице и веднаш си заминал од забавата. Подоцна полицијата рекла дека подобро е да не инсистира на своите тврдења за да не биде тужен за клевета.

„Ме уверуваа дека се е како што треба“, рече тој. Канцеларијата за социјална работа во Долна Сакоснија исто така е предупредена дека постои сексуално злоставување кога ги контактирале работниците од ценатарот за вработување.

Побарале истрага против Андреас В. кој ги посетил со својата посвоена ќерка, зошто му требале пари. Еден работник од центарот рекол дека девојчето му рекло дека „повеќе не може да го поднесе мирисот на мажите“.

Педофилот тогаш наводно и сам изрекол низа вознемирувачки работи, меѓу другото и дека „девојчето се би направило за слатки“. Обвинителите истакнаа дека полицијата и центарот за социјална работа и претходно добивале пријави за наводно сексуално злоставување, а сега се утврдува дали се можело претходно да се спречи.