-->
-->
Германски министер за здравство: Пандемијата на коронавирусот не е завршена
-->
Пандемијата на коронавирусот сè уште не е завршена, предупреди германскиот министер за здравство Карл Лаутербах.
Тој истакна дека има значително зголемување на бројот на заразени во некои азиски земји, како Северна Кореја, но и во делови од Европа.
– И во Германија во просек од 130 до 150 луѓе умираат секој ден од Ковид. Значи, ставот дека пандемијата е поразена е погрешен, им рече Лаутербах на новинарите во Берлин.
Тој денеска и утре одржува дводневен состанок со колегите од Групата седум индустриски најразвиени земји.
Американскиот министер за здравство Ксавиер Бисера требаше лично да присуствува на состанокот, но вчера во Берлин доби позитивен тест на коронавирусот. Тој ќе присуствува на средбата преку видео врска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен жител на тетовско откако одзел повеќе грла добиток поради долг
-
За 10 проценти е зголемена просечната активна транспарентност на државните институции
-
Милошоски: Неспособноста на надлежните за организирање на Охридскиот маратон е срамна
-
Левица: Пендаровски одби да биде покровител на Охридскиот маратон на штета на македонската спортска традиција
-
Брнабиќ: Протерување на Србите од Косово е нивната цел
-
Димитриевски: Честит ден на Армијата, Куманово е вистински пример за високо ниво на цивилно-воена соработка
-
Митовски: Со парите од Министерството за култура 2500 евра, не ни може да се плати Аца Лукас
-
Прв случај на мајмунски сипаници на Кипар кај лице кое не патувало во странство