Германски министер против забрана за употреба на свинското место во јавни кујни и училишта
Германскиот федерален министер за храна и земјоделие Кристијан Шмит е против ограничувањето на употребата на свинското место во јавните кујни и училишните мензи. Во ијзјава за медиумите Шмит вели дека е растревожен од идејата со која свинското месо треба да не биде на менијата поради тоа што тоа од верски причини не го користат муслиманите во Германија.
„Не треба да тргнуваме по патот по кој културните разлики во исхраната ќе се сведат на барање на најмал заеднички содржател“ изјавил Шмит за германските медиуми.
Според него растечките културни разлики треба да го прошири изборот а не да го намали. „Исхраната во детските градинки не треба да се ограничува преку критериумите на „халал“ или „кошер“ порачува Шмит кој вели дека и покрај повисоката цена на пошироката понуда но ние треба да градиме културни традиции преку кои ќе примаме и туѓи вредности.
По приемот на на 1,1 милион бегалци од кои над 90 отсто се муслимани во германската јавност започна дебата за забрана на свинското месо на места каде што тоа се нуди на луѓе кои што не го консумираат поради религиозни причини. Во парламентот на федералната единица Хамбург колеги на канцеларката Меркел од партијата ЦДУ побараа усвојување на резолуција со која се заштитува употребата на свинското месо како дел од германската културна традиција во јавните установи и училиштата.
Свињите честопати се користат и за изразување на верска нетолеранција при што во неколку наврати во различни градови свински глави беа поставени на места каде што се градат џамии или сместувалишта за бегалци со цел да се протестира против приемот на голем број муслимани во христијанска Германија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален