Германската амбасада времено ги затвора конзуларното и визното одделение
Германската амбасада соопшти дека како последица на прогресивното ширење на коронавирусот (Ковид-19), ги затвора веднаш на неопределено време конзуларното одделение, вклучително и Визното за посетители.
Како што информираат од Амбасадата, сите веќе закажани термини ќе бидат автоматски пререгистрирани од страна на Амбасадата за некој подоцнежен термин.
За лицата кои имаат исклучиво германско државјанство и нивниот германски пасош и/или лична карта ќе стане невалиден во следните два месеца или веќе е неважечки, се замолуваат да ги контактираат по мејл на info@skopje.diplo.de., а на мејлот да приложат копија од пасошот и/или личната карта.
-Амбасадата ќе информира на нејзината веб-страна www.skopje.diplo.de, штом ќе се нормализира протокот на посетители и повторно ќе може да има термини. Жалиме за ограничувањата и Ве молиме за разбирање за овие неопходни мерки!, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска