-->
-->
Германска лекција за Италијаните
-->

Убедливата победа на Германија против Италија и триумфот на Холандија на Вембли против Англија ги обелажаа контроните мечеви кои, во вторникот, се одиграа ширум Европа.
Германците бргу го заборавија шокантинот пораз од Англија, од пред неколку денови и со доминантна игра славеа над Италија со 4:1. Стрелци во првиот триумф на Германија над Италија по цели 22 години беа Крос и Геце во првото, односно Хектор и Езил од пенал во второто полувреме. Ел Шарави го постигна единствениот гол за Италија.
Англија против Холандија имаше водство по првото полувреме со голот на Варди, но вов вториот дел Јенсен од пенал и Нарсинг направија целосен пресврт за триумф на „лалињата“.
Франција славеше со 4:2 над Русија. Мечот мина во знакот на играчот на Лестер Канте, кој прв пат стартуваше за националниот тим и успеа да постигне гол, односно двојниот асистент Гризман. Покрај Канте голови за Франција постигнаа Жињак, Паје и Коман, додека головите за Русија ги постигнаа Кокорин и Жирков.
Босна и Херцеговина славеше во Швајцарија со 2:0 со головите на Џеко и Пјаниќ, турција во Виена ја порази Австрија со 2:1, а Португалија со истиот резултат славеше над Белгија.
Резултати од пријателските натпревари:
Црна Гора-Белорусија 0:0, Естонија-Србија 0:1, Грузија-Казахстан 1:1, Македонија-Бугарија 0:2, Грција-Исланд 2:3, Гибралтар-Летонија 0:5, Луксембург-Албанија 0:2, Норвешка-Финска 2:0, Австрија-Турција 1:2, Швајцарија-БиХ 0:2, Република Ирска-Словачка 2:2, Германија-Италија 4:1, Португалија-Белгија 2:1, Англија-Холандија 1:2, Франција-Русија 4:2, Шкотска-Данска 1:0, Шведска-Чешка 1:1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
