Германска иницијатива за одржување конференција за бегалците од Блискиот Исток
Претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, истакнатиот германски дипломат Волфганг Ишингер, ја повика Владата во Берлин да организира конференција за проблемот со бегалците од Блискиот Исток, на која би биле поканети и Русија и Иран, јави ТАСС.
- Ниту великодушниот прием на нови бегалци, ниту засилувањето на граничната контрола не се долгорочни решенија. Потребно е огранизиарање на голема конфренција за проблемот со бегалците од Блискиот Исток, на која ќе се договорат мерки за справување со причините за иселувањето на милиони лица, изјави Ишингер во интервју за германскиот магазин „Фокус“.
Според германскиот дилпомат, ваквиот собир би можел дури да претставува и свовидна донаторска конфренција.
Ишингер смета дека меѓунардоната заедница мора да изработи платформа за изградба на нова безбедносна архитектура на Блискиот Исотк, што, според него, би било невозможно без учество на Русија и Иран.
- Во тоа треба да бидат вклучени и сите регионални сили, оценува Ишингер.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан, утре престојува во Скопје
-
Гаши во Рига на Третиот Парламентарен самит на меѓународната кримска платформа
-
Австрискиот канцелар Карл Нехамер го прифати мандатот за формирање влада
-
Хезболах ја презеде одговорноста за нападот врз резиденцијата на израелскиот премиер
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Студено утро со магла по котлините, преку денот сончево со слаб ветер
-
Почна со работа Работната група за воспоставување на Регистар за недвижниот имот на државата
-
Кривична за автомеханичар од Охрид: Вадел исправни делови од автомобили и ги продавал