Германија вети уште 100 милиони евра помош за украинскиот енергетски сектор

Германското Министерство за економија и енергетика денеска најави дека преку државната банка КфВ (KfW) ќе уплати 100 милиони евра во Фондот за поддршка на енергетиката на Украина (УЕСФ), во кој веќе има 1,3 милијарди евра.
Средствата се наменети за купување на резервни делови и опрема за уништената енергетска инфраструктура.
– Нема да го оставиме украинскиот народ на цедило. Заштитата на снабдувањето со енергија значи заштита на луѓето, наведе германската министерка за економија Катерина Рајхе.
Таа додаде дека поради неодамнешните истраги на украинските антикорупциски власти, банката КфВ ќе обезбеди усогласеност со своите прописи.
Според Рајхе, Министерството „континуирано го следи правилното корпоративно управување со украинските енергетски компании“.
Со тоа германскиот придонес во УЕСФ ќе достигне вкупно 550 милиони евра оваа година, што е најголемиот поединечен придонес во Фондот.
Берлин, главниот европски поддржувач на Киев, вети 11,5 милијарди евра воена помош во текот на 2026 година.
МИА
Ново на Сител
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
-

Санкциониран возач, се движел со брзина од 178 километри на час
-

Почнува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана и ќерката Катја
-

Трамп: Веруваме дека постигнавме промена на режимот во Иран, сите се мртви
