-->
-->
Германија: Татко го фрлил 9-годишниот син од мост, а потоа се самоубил
-->

Германската полиција соопшти дека еден маж од мост на автопат го фрлил и убил својот девет годишен син, а потоа извршил самоубиство.
Како што се наведува во соопштението на полицијата во Хесе, мајката на момчето дознала за неговата смрт кога на социјалните мрежи го видела прошталното писмо кое го објавил 36-годишниот татко.
Пред пет дена на железничка станица во Франкфурт еден маж ги турна под воз мајка и нејзиниот осум годишен син, при што момчето го загуби својот живот.
Полицијата во Хесе не ги поврзува овие два настана, бидејќи извршителот на убиството во Франкфурт не бил во сродство со мајката и детето, додека во вториот случај станува збор за татко и син.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел
-
Службен весник ги објави одлуките за замрзнатите цени и маржи
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлог на обвинителката Ленче Ристовска
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
МОН ги објави конкурсите за стипендии во странство, од оваа година под нови услови
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлогот на обвинителката Ленче Ристовска
-
Случајот со обвинителот Коцевски под лупа на САД, Правда го подготвува предлогот за разрешување