Германија смета на европскиот фонд за санирање на штетите од поплавите
Германската влада планира брзо да ја обнови инфраструктурата оштетена во поплавите и се надева на поддршка од европскиот фонд за санирање на штетите, кои изнесуваат милијарди евра, покажува владин документ.
Владата на краток рок ќе издвои 200 милиони евра за поправка на зградите, локалната инфраструктура и за помош на граѓаните.
Доколку федералните држави обезбедат уште 200 милиони евра, износот за итна помош ќе биде двојно зголемен, се наведува во документот за кој Владата ќе разговара во среда.
Владата, исто така, планира да побара помош од фондот на ЕУ за санирање на штетите предизвикани од природни катастрофи.
– Вкупните трошоци за обнова на поплавените подрачја во западниот дел на земјата ќе достигнат неколку милијарди евра, изјави министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер за време на вчерашната посета на поплавените подрачја.
„Федералната влада ќе стори се што е потребно за да се обнови државната инфраструктура што е можно поскоро“, се вели во нацрт документот.
„Санацијата на штетата и обновата на инфраструктурата ќе бара големи финансиски напори во следните години“, се посочува и се додава дека се подготвуваат да воспостават посебен фонд за природни катастрофи за кој исто така би можеле да придонесат и федералните држави.
– Баварија за почеток стави на располагање 50 милиони евра за итна помош на жртвите, рече премиерот Маркус Зедер.
Федералната министерка за животна средина Свена Шулц побара повеќе пари за да се спречат екстремните временски настани предизвикани од климатските промени.
Во минатонеделните поплави загинаа најмалку 160 лица во Германија. Многумина сè уште се бараат, бидејќи врските во погодените области се уште се слаби. Околу 30.000 луѓе немаат струја.
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол