Свет
24. May 2016 - 17:01

Германија предлага 10 % од буџетот на ЕУ да се троши на бегалците

Германскиот министер за економска соработка и развој Герд Милер предлага 10 % од заедничкиот буџет на ЕУ да се пренамени за решавање на проблемите на земјите каде што има бегалци. 
 
На маргините на Светскиот хуманитарен самит што се одржа вчера во Истанбул, Милер предложил со парите да управува специјален комесар назначен од ЕУ со цел да се најде одржливо решение за бегалската криза. 
„Околу 10 % од европскиот буџет што е сума од приближно 15 милијарди ев ра треба да бдиат употребени за развој на инфраструктура“, изјавил Милер за турските медиуми за време на самитот во Турција. 
Парите според германскиот министер кој што ја придружувал канцеларката Меркел на самитот треба да бидат употребени за развој на заедниците кои што ќе ги примат бегалците, а меѓу нив се Турција, Либан, Ирак и секаде каде што за тоа има потреба.