Германија одобри електронски лисици за следење екстремисти

Предлогот на германското Министерство за правда, според кој полицијата ќе може да користи елекстронски лисици за да следи сомнителни екстремисти дури и кога нема обвинение, е прифатен од страна на германската влада, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Во иднина германската Федерална криминалистичка полиција (БКА) ќе може да натера сомнителни исламски и други екстремисти кои што претставуваат опасност за јавноста да носат елекстронски направи кои ќе даваат сигнал каде тие точно се наоѓаат, а истите нема да можат да бидат симнати без асистенција од полицијата. Според претходните правила вакви елекстронски лисици може да носат само осудени криминалци.
Електронските лисици за неосудувани лица се дел од промената на законот со кој се регулира работата на БКА, а која беше предложена од министрите за правда Хајко Мас и за внатрешни работи Томас Де Мазиер по нападот во Берлин во кој загинаа 12 лица. Напаѓачот од Берлин Анис Амри поради тоа што не бил осудено лице тогаш не можел да носи електронска лисица, по што германските власти изгубиле контрола на неговото движење по што тој слободно го организирал и спровел нападот на божикниот маркет.
Ново на Сител
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
