Германија ќе возврати на кибер нападите во пресрет на изборите
Германските власти сакаат да создадат систем за одбрана со кој ќе можат да возвратат на случаи на кибер напади во пресрет на сојузните парламентарни избори во септември, јави дописникот на МИА од Берлин.
Во случаи на електронски напади германските служби освен спречување на нападите планираат да создадат и ресурси со кои би ги уништиле серверите од каде што ќе дојде нападот.
Според весникот „Зуд Дојче Цајтунг“, мерките се познати како „операции компјутерска мрежа“ или „хакбек“. Според планот, во случај на напад полицијата, армијата и разузнавачките служби ќе немаат можност за правно решавање на проблемите и ќе мораат да интервенираат веднаш со цел да ги уништат серверите од каде што би дошол нападот.
Владини извори наведуваат дека кибер нападите би имале за цел важни национални ресурси како електричната мрежа, национални институции како Бундестагот и владата. Еден од проблемите со кои се соочуваат службите во моментов е недостатокот од правни можности за ваква акција.
Според законот, германската армија има ингеренции само за воен одговор на евентуален напад од странство. Една од мерките на официјален Берлин е изработка на предлог закони со кои реакцијата на германската армија ќе има законска основа да интервенира дури и ако се нападнати цивилни цели како сојузниот парламент.
Можни кибер напади на цели во Германија во пресрет на изборите во септември се тема на дискусија од лани во ноември по тврдењата на американското разузнавање дека по кибер нападите во САД од руски хакери постои закана и за германски цели.
Според дел од германските политичари, како пратеникот Фолкер Каудер опасноста за Германија е значително помала од САД. Тој во изјава за Дојче Веле вели дека опасноста од кибер напади во неговата земја е помала затоа што во Германија не се користат електронски направи за гласање поврзани со интернет.
Претходно висоски претставници на германските служби за безбедност предупредија дека постојат докази за обиди за електронско влијание на Бундестагот а потенцијалните кибер напаѓачи се поактивни откако Германија зазеде поостар став за санкции против Русија поради кризата во Украина. Германските служби се сомневаат дека зад нападот врз внатрешната дигитална мрежа Бундестагот во 2015 година стојат хакери од Русија.
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега