Германија ќе тестира познавање јазик веќе во градинките
Реагирајќи на слабите успеси на германските ученици во меѓународното истражување ПИСА, германската министерка за образование, Ања Карличек (ЦДУ) апелираше за тестови на вештини за германски јазик веќе и за деца од градинка, објави германски Велт.
„Она што ни треба е нова култура на читање и општа поддршка за учење јазик“, рече Карличек во интервју за „Велт“.
Таа се залага дека треба да се тестира нивото на познавање на германскиот јазик кај децата од градинка за да може навреме да се преземат одредени мерки.
„Тие тестови потоа ќе се повторат со тргнувањето во училиште. На крајот, иако звучи старомодно, помага само: вежбање, вежбање и вежбање”, рече Карличек, која посочи дека 20 проценти од испитаниците од 15-годишна возраст не биле во состојба во целост да разберат прочитан текст.
Таа додаде дека Германија не „тргнала толку лошо“ во анкетите за образованието спроведени од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), но дека со оглед на улогата на Германија како водечка индустриска и иновативна моќ,мора да се подобри.
„Мораме да дојдеме до врвот – ако не на светско, тогаш на европско ниво“, рече демохристијанската политичарка.
Според резултатите од тестот за ПИСА, секој втор ученик во Германија чита „само ако треба“, а една третина сметаат дека читањето е бескорисно.
Ново на Сител
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин
-
ДКСК: Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО самитот во Вашингтон е законско
-
Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем
-
Пет закони ќе се менуваат за квалитетно да профункционира „Безбеден град“
-
Просечната нето-плата во декември 43 587 денари
-
Тошковски: Јасен е ставот на Владата за разрешувањето на Коцевски