-->
-->
Германија ќе го искористи излезот на САД од Транс - Пацифичката трговска унија
-->
Германија ќе се обиде да ја искористи секоја можност за трговска соработка откако америакнскиот претседател Доналд Трамп се повлече од Транс - Пацифичкото партнерство во обид да ги заштити американските производители и работници, изјави денеска германскиот вицеканцелар Зигмар Грбриел.
„Ако Трамп започне трговска војна со Азија и Јужна Америка тоа ќе отвори можности за нас. Трамп мора да разбере дека економијата на САД за разлика од германската не е конкурентна“, изјави Габриел за весникот Ханделсблат пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Притоа Габриел ја критикува ја одлуката на Трамп да воведе 35 % царина за германските автомобили кои што се произведуваат во Мексико.
Со извршнатанаредба на претседателот САД се повлече од трговското партнерство со 12 земји во Јужна Америка и Азија (ТТП) , потег кој го најави во предизборната кампања и кој според него е одличната работа за работниците.
Според вицеканцеларот Габриел кој е и лидер на СПД и министер за економија и најверојатен ривал на Ангела Меркел за местото канцелар на идните федерални парламентарни избори, чекорите на Трамп не треба да ја загрижуваат Германија која не треба да се плаши од развојот на настаните затоа што е високо успешна и технолошки развиена земја со умни компании и работливи луѓе.
Германија заедно со Кина е најголемиот фаворит да го ја пополни празнината на пазарите која што може да се отвори со повлекувањето на САД од ТТП а некои од економските експерти се залагаат во тој чекор Германија да соработува со Кина која што не беше дел од трговскиот договор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поплавени домови во Волково
-
Без струја повеќе места во Скопје, Битола, Тетово, Гостивар и Радовиш
-
ЦУК: Поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрва, прекини на струја и интернет
-
Возете внимателно во дебарскиот регион, има одрони
-
Мицкоски: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии
-
ЦУК: Интензивен пороен дожд и грмежи во Тетово и Скопје
-
Спасен повреден странски турист во Охрид кој паднал во тешко пристапен терен
-
Главчев: Ќе ги потсетам европските лидери кои се условите за прием на Северна Македонија во ЕУ