Германија ќе донесе национални правила за коронавирус
Германската Влада се очекува денеска да се договори за измените во националниот закон за контрола на инфекциите, кои треба му овозможат поголема моќ на Берлин за централно спроведување на мерките против пандемијата на коронавирусот.
Измените, кои беа критикувани од некои провинции, може да и дадат на Владата на канцеларката Ангела Меркел моќ да воведе ноќен полициски час и да ги затвори училиштата во областите со висок процент на заразени.
Новите мерки вклучуваат полициски час помеѓу 21 и 5 часот наутро, затворање продавници и ограничување на приватните собири до пет лица од две домаќинства.
Во многу случаи, сепак, регионалните лидери не успеаја да ги спроведат мерките за затворање што ги договорија со Меркел, а некои дури дозволија повторно да се отворат продавниците и кината.
Владиниот портпарол Штефан Зајберт вчера на прес-конференција рече дека новиот закон ќе создаде „унифицирани национални“ правила.
„Целта е земјата да се донесе што е можно побрзо во ситуација со многу пониско ниво на инфекција, каде што можеме одговорно да ги ублажиме ограничувањата со тестирање“, рече тој.
Минатата недела здравствените власти предупредија дека болниците може да бидат пренатрупани без построги национални мерки.
„Ако не блокираме, многу луѓе ќе ги загубат своите животи“, изјави Лотар Вилер, шеф на Агенцијата за инфективни болести на институтот „Роберт Кох“.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп