-->
-->
Германија ќе депортира оваа недела 50 Авганистанци чии молби за азил се одбиени
-->
Согласно договор со Кабул, Германија ќе депортира денеска прва група Авганистанци чии молби за азил се отфрлени, објави Шпигел кои се повикуваат на владини извори.
Над еден милион мигранти од Блискиот исток, Африка и други држави пристигнаа во Германија во минатата и оваа година.
Според Федералната служба за миграција и бегалци, во 2016 година Авганистанците се втората по бројност грпа кандидати за азил во Германија по Сиријците.
Портпаролка на германското МВР не потврди за датумот, но рече дека до крајот на годината ќе има лет за бегалци до Авганистан. Таа нагласи дека депортирањата врз основа на договор со авганистанската Влада потпишан во октомври.
Вториот лет за депортирање според Шпигел ќе биде во почетокот на јануари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември