Германија ја забрзува репатријацијата на азилантите
Германската канцеларка Ангела Меркел и нејзините коалициски партнери денеска постигнаа согласност Берлин да ја забрза репатрацијата на барателите на зил чие барање било одбиено.
Германија за бегалците од Сирија и другите воени зони и натаму ќе биде „дозволен рај“, оние кои се сметаат за економски мигранти, мнозинството од земјите со безбедно потекло од Балканот ќе бидат враќани во рок од три недели, најави Меркел.
На денешниот состанок е договорен и нов, унапреден ИД систем и централна база на податоци за азилантите.
- Презедовме добар и важен чекор напред, изјави Меркел, во друштво на коалициските партнери Зигмунд габриел и Херст Зеховер.
Владејачката тројка постигна договор да се основаат три до пет нови регистрациски центри за барателите на азил, но и за оние за кои се смета дека имаат мали шанси да добијат дозвола да останат во Германија.
берлин веќе зазеде поцврст став кон барателите на зил од земјите кои не се во војна, што доведе и до нагло опаѓање на бројката на нивното пристигнување, посебно кога се работа за азилантите од Балканот.
Ново на Сител
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола
-
Детален список: Што поевтини, а кои производи поскапеа со есенската кошничка?
-
Платата во август повисока за 2 евра од јулската
-
Гаши доби кривична пријава од Левица за бранителите
-
ДУИ од утре на средби со граѓани
-
Антикорупциска отвори предмет за назначувањето новиот директор на АНБ, Бојан Христовски