Германија испраќа повеќецевни ракетни фрлачи во Украина
Германија вети дека ќе испрати два повеќецевни ракетни фрлачи (МЛРС) во Украина, потврди министерката за одбрана Кристин Ламбрехт.
„Одлучивме да испратиме уште два повеќецевни ракетни фрлачи МАРС II и 200 ракети во Украина“, рече министерката на конференцијата на Бундесверот, додавајќи дека обуката на украинските војници за употреба на МЛРС ќе започне овој месец. Ламбрехт рече дека дополнително во Украина се испраќаат 50 оклопни транспортери од типот „Динго“.
Германската министерка за одбрана потврди дека е постигнат договор со Грција и Украина, според кој Германија на Грција ќе и испрати повеќе од 40 модерни пешадиски борбени возила од типот Мардер, а Грција пак на Украина ќе и испрати 40 оклопни возила од типот БМП-1 од советската ера
Ново на Сител
-
Уште едно лице побарало медицинска помош
-
Тошковски: Ја засилуваме превенцијата
-
Презентирано решението за новата Универзална сала
-
Туристите од Турција повторно најбројни
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Никола Димитров, екс министер за надворешни работи
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла