Германија им одобри на вооружените сили да достават помош за Газа од воздух
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус даде зелено светло за воздухопловните сили на земјата од воздух да достават итно потребни производи за Појасот Газа, приклучувајќи се на неколку други земји кои фрлија помош од воздух на опколената палестинска територија.
Писториус денеска потпишал соодветна наредба до германските вооружени сили, Бундесверот, дознава ДПА.
-На луѓето во Газа им недостасуваат најосновните потреби. Ние сакаме да го направиме нашиот дел за да им обезбедиме пристап до храна и лекови, рече Писториус.
Бундесверот ќе обезбеди два транспортни авиони Ц-130 Херкулес, од кои секој може да транспортира до 18 тони товар, информира тој.
-Вистината е дека доставата од воздух не е без опасност. Екипите назначени за оваа задача се обучени и високо искусни за операцијата, додаде Писториус.
Началникот на германските воздухопловни сили, генерал-полковник Инго Герхарц, во меѓувреме издаде специјална дозвола со која се одобрува доставата од воздух.
Со денешната одлука Германија се приклучува на иницијативата покрената од Јордан за снабдување на жителите на Газа со помош од воздух во која, меѓу другите, учествуваат и САД и Франција.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска