-->
-->
Германија и Турција пред нов дипломатски конфликт
-->

Поканата упатена од официјален Берлин до Селахатин Демирташ лидер на турската Народна Демократска Партија (ХДП), кој што е во затвор во Турција може дополнително да ги влоши односите меѓу двете земји сојузници во НАТО, јавува германскиот телвизиски сервис Дојче Веле (ДВ) на англиски јазик.
Поканата до Демирташ кој во турски затвор очекува судење за теероризам ја упати министерот за надворешни работи на Германија лидерот на Социјал-Демократите Зигмар Габриел кој според ДВ сака симболично да изрази поддршката за демократските сили во Турција.
Во услови на едногодишна затегнатост во односите меѓу Берлин и Анкара потегот на Габриел може да се толкува и како популистички обид за придобивање на поддршка на германската јавност која што е негативно настроена кон политиките и потезите на турската Влада и претседателот Реџеп Таир Ердоган.
Демирташ преку неговите адвокати е поканет да учествува на конвенција на „Прогресивната алијанса“ - интернационална мрежа на левичарски партии, но наместо него во Берлин ќе патува партиска делегација.
Од вкупно 55 пратеници на ХДП во турскиот парламент 12 се в затвор, а ним се заканува затворска казна од над 3000 години.
Минатиот месец Турција официјално протестираше поради поканата за коктел што германското Министерство за правда ја упатило до екс главниот и одговорен уредник на весникот Џумхириет Чан Дундар кој се наоѓа во егзил во Германија а предходно Германија беше обвинета од највисоките труски претставници дека дава заштита на припадници на курдската терористичка организација ПКК и други терористички групи кои што се борат против турската Влада.
Официјална Анкара во исто време бара Германија да не им додели азил на над 40 турски воени лица кои што избегаа од земјата по неуспешниот воен удар во јули.
Меѓу турските граѓани кои што бараат заштита во Германија се и најмалку 11 турски дипломати меѓу кои и военото аташе во турската Амбасада во Берлин кои што според владата во Анкара се членови на терористичката организација на организаторот на воениот пуч Фетула Ѓулен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пораки и ветувања од кандидатите спроти изборниот молк утре на полноќ
-

Тема на денот со Томе Христовски, кандидат за градоначалник на Крушево од СДСМ
-

Вечерва завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Скопје
-

Арсовска сепак назначи нов директор на Kомунална хигиена
-

Дистрибуиран гласачкиот материјал, во четири општини нема да се гласа
-

Меџити не исклучува Села да влезе во Владата, тој пак, тврди дека останува опозиционер
-

Капитални проекти, парична помош за пензионери, смарт осветлување се дел од проектите на кандидатите за скопските општини
-

Една претставка за изборите стигнала во КЗСД – утре ќе одлучуваат и за случајот со кичевскиот градоначалник Дехари
