Македонија
15. October 2021 - 16:48

Германија го следи примерот, намалени сметките за струја

Европа се мобилизира против високата цената на струјата. Се бара начин како да се ублажи ценовниот шок кој следи, додека цените на светските берзи уриваат рекорди.

Германија одлучи да ги намали сметките за струја, преку кратење на надомесокот за обновливи извори. Помош на граѓаните во плаќањето високи сметки за струја и плин претходно најавија и Франција, Италија, Шпанија, Грција и Полска.

Соседна Србија има доволно струја и гас, но нивниот претседател сака да обезбеди пониска цена и доволна количина за наредната година. Состанокот Вучиќ – Путин е закажан за 25 ноември. Во момнетов се трошат резервите.

За да се спречи енормно поскапување на струјата во Србија, експертите препорачуваат државата да се откаже од акцизата на струјата, која изнесува 7,5% од сметката за струја. Поскапата струја ќе ја подгрее инфлацијата. Светот стравува од ,можните поскапувањата на храната кои ќе следат. Граѓаните веќе почнаа да прават залихи.