Германија ги затвора границите за патниците од Велика Британија поради Омикрон
Германија вечерва, заради заштита од варијантата Омикрон, се придружува на Франција и ќе ги затвори своите граници за повеќето патници од Велика Британија.
Ограничувањата за патување стапуваат на сила во недела навечер. Повеќето патници од Обединетото Кралство нема да можат да влезат во земјата, освен германските државјани, кои ќе мора да имаат негативен тест при преминувањето на границата и да поминат две недели во карантин без разлика дали се вакцинирани.
Институтот „Роберт Кох“ ги воведе овие нови ограничувања бидејќи го прогласи Обединетото Кралство за област со висок ризик од ширење на Ковид.
Покрај Британија, на листата на земји со висок ризик се и Данска, Франција, Норвешка и Либан, а патувањата од овие земји исто така ќе бидат ограничени.
Британските научни советници предупредуваат дека во Англија, доколку не се воведат дополнителни мерки, може да има по 3.000 хоспитализации дневно.
Во Велика Британија вчера се пријавени 90.418 нови случаи на инфекција со Ковид-19.
Француските власти во саботата, поради загриженоста околу варијантата Омикрон, го забранија пристигнувањето на британски туристи. Според новите правила, на граѓаните на Обединетото Кралство сега им е потребна „оправдана причина“ за да влезат во Франција и не им е дозволено да патуваат за туристички или деловни цели.
Превозниците и француските државјани се изземени од оваа одредба.
Ново на Сител
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште