Германија финансира дронови за Украина
Германија почна со финансирање на системи за оружје со долг дострел за одбраната на Украина. Како што објави германскиот дневен весник „Ди Велт“, (Die Welt) потпишан е почетен договор за производство на повеќе од 500 дронови со долг дострел Антонов-196.
Овие камикази дронови имаат дострел од 1.200 километри и носат експлозивно полнење од 50 килограми, поради што се погодни за напад врз така наречени помеки цели на подолги растојанија, што не се посебно заштитени, вклучително и места за складирање и резервоари за гориво.
Министерството за одбрана во Берлин не потврди што точно финансира Германија. Германската Влада ја промени политиката и се повикува на потребата од тајност кога станува збор за воена помош.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус и украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот месец во Киев потврдија дека Германија и Украина сакаат заеднички да произведуваат системи со долг дострел, како и дронови, крстосувачки ракети и ракети.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал