Германија бара поддршка од ЕУ за „центри за враќање“ на одбиените баратели на азил
Германскиот министер за внатрешни работи Александер Добриндт изрази надеж дека претстојниот состанок на европските министри за внатрешни работи в сабота ќе го отвори патот за формирање на „центри за враќање“ кои ќе ги згрижуваат одбиените баратели на азил кои не можат да бидат вратени во нивните матични земји.
Добриндт за весникот „Минхнер Меркур“ нагласи дека овие центри треба да бидат лоцирани што е можно поблиску до земјите на потекло.
- Сакаме ЕУ да ја обезбеди правната рамка за таквите центри, рече тој. - Во исто време, знаеме дека не можеме да се потпреме на ЕУ да ги изгради овие центри за враќање, вели германскиот министер. Неговиот план предвидува координиран напор меѓу поединечните земји-членки за нивна имплементација. - Каде точно, сè уште не сме се договориле, додаде Добриндт.
Според Министерството, се очекува бројни европски министри за внатрешни работи и комесарот за миграција на ЕУ, Магнус Брунер, да присуствуваат на состанокот во Минхен в сабота. Слична средба се одржа во јули на германската планина Цугшпице.
- Оние што се интегрираат и работат имаат шанса да останат во Германија. За сите други, сакаме да ја спроведеме обврската за напуштање на земјата, посочи Добриндт.
Според Сојузната служба за миграција и бегалци, 78.246 лица првпат поднеле барање за заштита во Германија од јануари до август, што е приближно половина од бројот на првични барања во истиот период минатата година.
МИА
Ново на Сител
-
Путин: Се обидуваат на Москва да ѝ нанесат стратешки пораз, но тоа е невозможно
-
Најмногу дожд во Пожаране и Ѓуриште, најстудено на Попова Шапка
-
Набавени 80 000 вакцини против сезонски грип, имунизацијата ќе почне во втората половина на октомври
-
Камион излетал од патот Деве Баир - Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот е во прекин
-
Мерц: Решени сме да ги користиме замрзнатите руски средства за да ѝ помогнеме на Украина
-
Приведен кумановец, подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка
-
Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите
-
Ѓорѓиевски: Нашата единствена опција е да одиме напред кон поврзаност, иновации и знаење