ГЕРБ освои најмногу градоначалници на локалните избори во Бугарија

Конзервативната партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на бугарскиот премиер Бојко Борисов освои најмногу градоначалнички места на локалните избори во Бугарија, чиј втор круг се одржа вчера.
Според нецелосните податоците од изборите, ГЕРБ освоила градоначалници во вкупно 118 општини, пред коалицијата предводена од најголемата опозициска партија во Бугарија, Бугарската социјалистчка партија (БСП), која добила 60 градоначалнилки места.
Партијата на бугарските Турци, Движењето за права и слободи (ДПС) освоила 33 градоначалници, а помалиот партнер на ГЕРБ во владината коалиција, Реформаторскиот блок - седум.
Останатите 47 градоначалнички места им припаднаа на помалите партии, локални коалици или независни кандидати.
Лидерот на БСП, Михаил Миков оцени дека локалните избори претставуваат тежок пораз за социјалисите, но нагласи дека тоа не значи оти партија ќе биде „збришана од политичката карта на земјата“.
Тој нагалси дека БСП самостојно или во коалиција со други партии очекува да има градоначланици во 60 општини, меѓутоа меѓу нив не е ниту еден град кој претставува областен центар.
Првиот човек на ДПС, Љутви Местан од своја страна изјави дека партијата е задоволна од избрните резултатити бидејќи се позиционирала како „втора политичка сила во земјата“.
Ваквиот став тој го образложи со тврдењето дека ДСП освоила 33 гардоначалници, а БСП самостојно 32, што неговата партија ја истакнала како втора политичка сила зад ГЕРБ, а пред социјалисите. Според Местан, секој четврти градоначалник во Бугарија е од редовите на ДСП.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност и претседател на ЦИБ
-

Жан Митрев обвинува, Филипче најавува тужби, ВМРО-ДПМНЕ бара истрага
-

Филипче: На седница ќе го кажеме ставот за Законот за прекршоци
-

Покренато обвинение за помагачите на Саитов - ЈО предложи и продолжување на притворот
-

Расте бројот на странски работници во Македонија, од каде доаѓаат најмногу?
-

Прилепските угостители со позитивни оценки за Законот за работно ангажирање лица
-

Сите инфлуенсери до март мора да се регистрираат во АВМУ - во спротивно ќе се соочат со прекршочни пријави
-

Грипот во подем, посебен апел до учесниците за Водици
