Герасимовски: Започна поставувањето на 30 дигитални уреди за бучава, 19 веќе се инсталирани во Центар

Општина Центар започна со имплементација на паметен систем за следење на бучавата, преку поставување дигитални индикативни уреди на местата со најмногу поплаки од граѓаните – околу угостителски објекти, високо фреквентни улици и јавни простори.
Новиот систем, како што информираат од Општината, овозможува континуирано мерење на бучавата во реално време и алармирање секогаш кога ќе се надмине дозволеното ниво.
-Во програмата јасно ветивме дека ќе воспоставиме смарт систем за мерење на бучавата. На терен веќе е започнато поставување на мерните единици на 30 локации низ Општина Центар. Овие сензори континуирано ќе ја следат бучавата и ќе алармираат секогаш кога ќе биде над дозволеното ниво. Со ова прецизно ги мапираме најгорливите точки, а истовремено ќе обезбедиме материјал на нашите инспекциски служби за постапување, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.
До овој момент поставени се 19 уреди на повеќе точки во Дебар Маало, на улиците Орце Николов, Мирослав Крлежа и Отон Жупанчиќ, како и на локациите Боемска 1 и Боемска 2. До крајот на годината, од Општината најавуваат дека ќе бидат поставени дополнителни уреди на улицата Ленинова, во населбите Капиштец и Буњаковец, потоа на Кеј 13 Ноември, кај Старата железничка станица и на локацијата Кале. Со ова ќе се прошири мрежата и ќе се покријат уште повеќе критични зони погодени од прекумерна бучава.
-Ова е само почетна фаза на големиот проект кој ќе продолжи со дополнително поставување мерни уреди и унапредување на системот за следење на децибелите. Проектот се базира на современ софтвер кој обезбедува точни податоци и реално следење на состојбата, со крајна цел намалување на бучавата и подобрување на квалитетот на живеење, стои во соопштението.
Општина Центар ќе продолжи редовно да ја информира јавноста за следните активности и да применува современи решенија за трајно справување со проблемот на прекумерна бучава во урбаната средина.
МИА
Ново на Сител
-

Руте: Само Трамп може да го надмине ќорсокакот во војната во Украина
-

Приведен дрвокрадец од село Мартолци, Општина Чашка
-

1300 евра казна за камиони кои со кал на гумите се вклучувале во сообраќај од градилиште во Аеродром
-

Од 110.000 на 50.652 – бројката на регистрирани сообраќајни прекршоци преполовена за еден ден
-

Стевче Трпковски нов директор на „Дрисла“, Владимир Кроневски на „Градски паркинг“
-

Еве како се шверцуваат цигари во камиони на ГП Ново Село | ВИДЕО
-

Дечињата од кикбокс клубот Fight Gym M4 со 9 медали на „PHX CUP Germany 2025“
-

Приведени четири украинки во полициска акција во тетовско, престојувале спротивно на целта
