Герасимовски: Воведуваме ваучери за користење на вештачка интелигенција - современа поддршка за младите во Центар

Воведуваме месечни ваучери за користење вештачка интелигенција, со цел младите да добијат пристап до современи дигитални алатки и да ги унапредат своите знаења и вештини. Во новиот мандат вложуваме во младите преку конкретни мерки кои ќе им овозможат да го развијат својот потенцијал и да бидат подготвени за иднината,“ изјави кандидатот за градоначалник на Општина Центар за втор мандат Горан Герасимовски.
Тој, како што се наведува во соопштението, посочи дека особено внимание ќе биде насочено кон младите кои не се вклучени во образование, вработување или обуки.
-За оваа група креиравме програми за активно вклучување преку обуки, интерактивни работилници и волонтерски ангажмани, со цел да ги поттикнеме нивната мотивација и личен развој, нагласи Герасимовски.
Дополнително, се додава во соопштението, Општина Центар ќе ги зголеми за 50 отсто стипендиите за талентирани ученици, а ќе продолжи и со субвенциите за полагање возачки испит и за купување велосипеди.
МИА
Ново на Сител
-

Затворени продавници за храна во близина на училишта, АХВ открила низа пропусти
-

Откуп на тутунот
-

Од утре, бесплатен пренатален скрининг за трудници во КБ-Штип
-

Охриѓани во еко акција
-

Тема на денот со Андреј Петров
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

СДСМ бара кривична одговорност за непотребните операции на срце
