Герасимовски со план во 10 точки за справување со кризата со отпадот
Градоначалникот Горан Герасимовски, денеска одржа состанок со Штабот за заштита и спасување на кој се донесоа итни одлуки за справување со кризата со сметот во Центар, соопшти прес-службата на Општина Центар.
Герасимовски потенцира дека се прави мобилизација на сите служби и ресурси на општината и на ПОЦ.
-Од денес, сите вработени во Општината Центар и во ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ добиваат конкретни задачи за решавање на оваа криза. Ги редуцираме сите други активности на минимум, ги пренасочуваме вработените да ги спроведат сите мерки за менаџирање на овој проблем. Ова е момент кога секој јавен службеник мора да покаже одговорност. Ќе бидат поставени помали контејнери за секојдневен отпад во густо населените делови и поголеми контејнери за кабаст отпад на стратешки локации. Апелирам граѓаните да не го одлагаат сметот на улиците околу контејнерите, туку во нив. Со тоа ќе овозможиме побрзо собирање и полесна контрола на ѓубрето, рече Герасимовски.
Тој, информира дека ЈП „ПОЦ“ ќе организира посебни пунктови и распоред за собирање на угостителски отпад. Герасимовски ги повика сите ресторани, кафулиња и локали во Центар да го одлагаат отпадот на локации каде контејнерите не се преполни и да го ставаат во двојни, или тројни кеси со цел да биде подобро заштитен. За ова ќе има информација веќе утре за тоа кои се локациите, а сите угостители ќе бидат директно информирани.
Герасимовски вели дека се реализира нов начин на дистрибуција и депонирање на сметот.
-Најголемо тесно грло ни е Дрисла, возењето дотаму и назад, како и чекањето за растовар, одземаат многу време и ресурси. Затоа правиме промена: камиончињата ќе растовараме сметот на плац на општествено одговорна фирма која ни излезе во пресрет, а потоа со големи камиони ќе оди кон Дрисла. Со ова очекуваме да го забрзаме целиот процес, истакна Герасимовски.
Тој посочи дека викендов ќе се спроведе итна дератизација и дезинфекција во училиштата и градинките. Општината врши вонредна дератизација, кадешто во сите 1980 шахти се фрла сертифициран препарат, но потребно е да се изврши и дератизација во сите згради.
-Општината ќе организира средба со сите управители на згради и куќни совети. На секое домаќинство ќе му бидат доделени големи, бесплатни кеси за отпад кои добро се затвораат и потешко се кинат. Секој влез ќе биде задолжен да направи дератизација. Испраќам отворен повик до сите компании да помогнат со механизација, камиони и логистика. Ова е момент кога треба да покажеме оппштествена одговорност и солидарност. Барам масовна акција затоа што ни се заканува сериозен здравствен ризик, ова веќе не е прашање само на хигиена, туку се во ризик нашето и здравјето на нашите деца, додаде Герасимовски.
Герасимовски потенцираше дека ова не е време за политика, туку за одговорност и работа, и дека како градоначалник го редуцира на минимум своето непосредно учество во предизборната кампања која сега ќе ја води неговиот штаб.
Ново на Сител
-
Путин: Американските санкции нема значително да влијаат врз руската економија
-
Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 120
-
Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод
-
Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари
-
На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути
-
Мицкоски: Нема предвремени избори, време е за голема офанзива на секој план, народот сака подобар стандард
-
ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори
-
Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок