Македонија
2. November 2025 - 19:14

Герасимовски: Очекувам граѓаните повторно да ми ја дадат поддршката

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски очекува мирен изборен ден на кој секој граѓанин на демократски начин ќе го даде својот глас на вториот круг од локалните избори. 

- Верувам дека ќе имаме мирен изборен процес. Очекувам да има голема излезеност и граѓаните повторно да ни ја дадат поддршката на мене, мојот тим и на нашата програма. Исто така, очекувам дека наредниот мандат ќе го водиме заедно и од утре ќе започнеме да ги спроведуваме сите оние проекти кои ги промовиравме заедно со граѓаните минатите месеци, изјави Герасимовски откако го оствари своето право на глас во основното училиште „Коле Неделковски“.

Во трката за градоначалник на општина Центар се кандидатот на СДСМ Горан Герасимовски и кандидатот на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ. 

МИА