Герасимовски на терен: „Комунална хигиена“ оставиле контејнери сред булевар, целиот смет околу контејнерите не го собрале
Градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со општинските хигиеничари и синоќа го чистеа сметот од центарските улици каде што надлежност има ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје. Повторно, тој и хигиеничарите ја завршија работата на градската власт која очигледно има кренато раце од хигиената во градот, се вели во соопштението од Општина Центар, што МИА го објавува интегрално.
Герасимовски, истакнува дека дел од контејнерите вчера биле исчистени од ЈП „Комунална хигиена“, но целиот смет околу контејнерите е оставен на улица, а неколку контејнери дури и ги оставиле да стојат сред булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов кадешто се движат возила.
„Повторно сме на терен. Нашите хигиеничари ја завршуваат работата на ЈП „Комунална хигиена“ на Град Скопје, денеска целиот град е хаос. Оваа локација нашите хигиеничари ја чистеле во утринските часови, но повторно е со смет. ЈП „Комунална хигиена“ ги исчистило дел од контејнерите, но сѐ околу контејнерите е оставено и мораме ние сами да завршуваме. Па, дури и дел од контејнерите коишто ги исчистиле ги оставиле сред булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов. Попратно видовме и дел од контејнери коишто се превртени и оставени така со смет. Сево ова нема да го дозволиме, нашите хигиеничари ќе бидат на терен во неколку смени“, рече Герасимовски.
Тој, повторно упати апел до градската власт навремено да си ги завршува своите обврски, и најави дека општината продолжува со чистење и во текот на денешниот ден.
Општина Центар
Ново на Сител
-
Приведен 43-годишник, управувал возило со 3,32 промили алкохол и предизвикал сообраќајка
-
ЕК: Путин може да патува во Будимпешта и покрај санкциите и налогот за апсење
-
При претрес пронајдена е марихуана, приведен 34-годишник
-
Трамп бара од Врховниот суд на САД да дозволи распоредување на Националната гарда во Чикаго
-
Осми локални избори, ќе се избираат градоначалници и советници во 80 општини и Скопје
-
Португалскиот парламент усвои закон за забрана на никаб
-
Верстапен најбрз во квалификациите за спринтот на ГН на САД
-
Кина е подготвена за нови трговски разговори со САД „што е можно поскоро“