Герасимовски: Ги повикуваме младите да аплицираат, досега е исплатена 71 субвенција за возачка дозвола во Центар

Општина Центар ги повикува младите жители да аплицираат за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Заклучно со 31 јуни 2026 година се исплатени субвенции во вкупен износ од околу 710.000 денари, а обезбедени се средства за сите заинтересирани до крајот на годината.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека мерката е важна поддршка за младите и нивните семејства, но и за безбедноста во сообраќајот.
„Мотото на овој проект е „Вози совесно“, а токму тоа ни е и целта, младите навремено да се стекнат со возачка обука, да бидат подготвени и одговорни кога ќе седнат зад воланот. Со оваа мерка не само што им помагаме финансиски, туку вложуваме и во поголема безбедност во сообраќајот“, порача Герасимовски.
Право на еднократна субвенција од 10.000 денари имаат младите родени 2007 и 2008, кои ќе достават барање, копија од лична карта и трансакциска сметка, доказ за уплата во автошкола и потврда дека автошколата е регистрирана на подрачјето на Општина Центар. Од оваа година, општината овозможи и исплатата да се изврши на сметка на родителот, доколку така е побарано.
Барањата се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака број 6, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот, до исцрпување на средствата, а најдоцна до 31 декември 2026 година.
Ново на Сител
-

Подобрување на епидемиолошката состојба во Гостивар, но водата и понатаму не е за пиење поради нова бактерија
-

Нема активни пожари во државата, ДЗС на готовс
-

Свеченост во Воената академија: Промовирани нови офицери на Армијата
-

Промовирана новата генерација полициски службеници
-

Охрид подготвен за бројните туристи, службите на терен
-

2 милиони долари за нов имплулс на ХС „Злетовица“
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
