Георгиевски ветува развој на спортот во општина Илинден
Кандидатот за градоначалник на Илинден од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Георгиевски најавува субвенции за граѓаните кои ќе купат велосипед, изградба на велосипедски патеки и на нов стадион.
– Општина Илинден треба да го прати чекорот со светските трендови на здрав живот, каде граѓаните се почесто се одлучуваат наместо со своите автомобили, да се движат со велосипед. Ова превозно средство придонесува за подобро здравје, неколкукратно е поевтино отколку возењето на автомобил, а истото придонесува за зачувување на животната средина бидејќи не загадува, вели Георгиевски.
Во неговата изборна програма предвидени се илјада субвенции за граѓаните кои ќе купат велосипед, изградба на велосипедски патеки за планински велосипедизам во планираниот рекреативен центар „Ајватовски рид“, поддршка за спортистите, спортските клубови и здруженија, како и организирање на нови спортски манифестации.
Ново на Сител
-

Трамп: Егзекуцијата на Нидал Хасан нема да биде емитувана во живо
-

Новиот Луна парк во Скопје треба да биде готов до крајот на 2027 година
-

Истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија
-

Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
-

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција
-

Дожд се очекува утре, потоа следуваат сончеви денови
-

ФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер-криминал!
