Георгиевска: Ќе ги искористиме сите механизми за да ги избереме уставните судии
– Неодговорното и несовесно однесување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нанесува штета на судскиот систем во државата. Уставниот суд работи на граница на кворум, со пет од вкупно девет уставни судии. Во ноември ќе истече мандатот на уште еден судија. Додека не се изберат нови, државата може да влезе во уставна криза, бидејќи Судот нема да може да носи одлуки и да одржува седници, рече Марија Георгиевска, пратеничка од редовите на СДСМ и претседателка на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната прес-конференција во Собранието.
– Со денови пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата на секој можен начин го блокираат изборот на нови уставни судии. Типично за ВМРО-ДПМНЕ, секогаш кога се носат одлуки важни за правниот систем, тие опструираат, блокираат и се закануваат. Така беше и при изборот на државен јавен обвинител, така е и сега кога треба да се изберат уставни судии, обвини Георгиевска.
Повеќе од една недела, како што нагласи Георгиевска, „се забележува нервозно и вулгарно однесување на пратениците кои по секоја цена сакаат да го пролонгираат изборот на уставни судии“.
Георгиевска најави дека ќе ги искористат сите механизми во Собранието за да бидат избрани уставните судии и увери оти тие ќе бидат избрани.
– Ќе ги искористиме сите механизми во ова Собранието, уставните судии ќе бидат избрани, а Уставниот суд ќе работи во својот полн состав. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе биде поразено од страна на правдата, додавајќи дека ќе проба да ги убеди колегите да дискутираат, односно да се впуштат во суштинска дебата која ќе биде разумна, рече пратеничката Георгиевска.
Според неа, сите пратеници треба да покажат сериозност и одговорност, а политиките да ги остават на страна.
Ново на Сител
-
Ваташанка приведена поради агресивност кон полициски службеници
-
Димитриеска-Кочоска: Владата обезбедува стабилност, предвидливост и партнерство во реализацијата на инвестициските планови
-
Тетовското обвинителство вложи жалба на пресудата за сообраќајна несреќа во која беше усмртена Теодора
-
Македонското студио „Денсерс јунајтед“ освои вкупно 19 медали во Полска
-
Со закани одзеле пари од малолетници, приведени три лица во Скопје
-
Кинеско МНР: Кина нема да посветува внимание на американската „игра со бројки“ во врска со царините
-
РСБСП со апел за Велигденските празнични денови: Возете одговорно и безбедно!
-
Колумбија прогласи вонредна состојба поради жолта треска и смртни случаи