Георгиев: Не е работа на комисијата да каже што е Гоце Делчев
Доколку мешовитата македонско-бугарска Комисија за историски прашања продолжи да инсистира во нејзината работа да се утврди и да се напише на документ дека Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец, нема да имаме решение, изјави македонскиот член на Комисијата, Драги Георгиев при гостување во емисијата „Уште од денот“ на Бугарската национална телевизија.
– Гоце Делчев е многу чувствителна тема и да се одговори на тоа дали Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец и да се бара тоа од нашата комисија, јас сметам дека е апсолутно не упатно. Не е работа на комисијата да каже што е Гоце Делчев, изјави Георгиев.
Според него, во тоа време не станува збор за „еден црно-бел свет“ и не постоела јасна поделеност на бугарска или македонска свест, бидејќи „се е испреплетено и сите случувања во тој период се хаотични“.
Бугарскиот член на Комисијата, Ангел Димитров гостувајќи во истата емисија меѓутоа потенцира дека смета оти Комисијата треба да утврди што бил Гоце Делчев.
– Ако не се знае што е човекот, нема да можеме точно да го определиме неговото дело. Освен тоа нема што ние е да кажуваме. Гоце Делчев сам кажал што е, тоа го кажале неговото семејство, неговите другари и соборци. Тие јасно кажале што се, истакна Димитров.
Со ваквиот став не се согласи Георгиев. – Ако одиме по таа аналогијата дека Гоце Делчев кажал оти е Бугарин, тој многу често го употребува и зборот македонски народ и Македонци, потенцира Георгиев.
Инаку, како што најавија Георгиев и Димитров, прашањето за евентуално заедничко чествување на Гоце Делчев е тема на денешната средба на членовите Комисијата, откако во текот на вчерашниот ден тие расправале за средновековната историја и периодот на Османлиската Империја и за учебниците по историја, при што, како што нагласија, не постигнат напредок.
Ново на Сител
-

Поради протестот на ССМ во Скопје посебен режим на сообраќај
-

На Попова Шапка утринава се измерени 64 сантиметри снег
-

Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови, во фаза на градба се 26.522
-

ЗОИ 2026: Јапонската сноубордистка Мурасе освои златен медал во сноуборд
-

Магла има на планинските премини Плетвар , Ѓавато и планинскиот превој Крушево, снег со слаб интензитет на патот Крива Паланка - Деве Баир
-

Научна конференција „Триесет години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров“
-

ССМ ќе го блокира Собранието, бара повисока минимална плата и намалување на функционерските
-

САД се повлекуваат од две важни команди во НАТО, ги преземаат европски генерали
