Георгиески: Уривањето на дивоградбите се одвива согласно планот, правни постапки се во тек
Уривањето на дивоградбите не е прекинато ниту запрено, активностите не се само машини на терен, туку се споведуваат правни постапки потребни за реализација на активностите. Ова денеска го изјави градоначалникот на Охрид Константин Георгиески во врска со забелешките за бавно спроведување на активностите за отстранување на дивоградбите во градот и на крајбрежјето.
– Постапката не е прекината, не е закочена, тоа што треба да се урива ќе се урива. Имаме свој план, кога ќе дојде време ќе се постапува. Како што ви кажав, уривањето на дивоградбите не е само машините на терен, ние тераме правни постапки, а градежната механизација за остранување е крајот на сета таа акција, рече Георгиески.
Тој уште истакна дека со новиот буџет на општината ќе се издвојат повеќе средства за спроведување на активностите на терен, повеќе од десет милиони денари.
– Кога ќе дојде време, доколку тие средства ги искористиме, ќе побараме средства и од државата, таа е тука да помогне, рече градоначалникот на Охрид.
Ново на Сител
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица
-
Денеска гласаат вкупно 505 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка, Ранковце и Кратово