Генимата: Никој не може да има доверба во Владата
Да не стануваше збор за чувствително национално прашање ќе говоревме за фарса, коментира лидерката на Движењето за промена и претседателка на ПАСОК, Фофи Генимата, во писмената изјава по изнесените ставови на коалицискиот партнер во грчката Влада, Панос Каменос за тоа дека ќе направи се за терминот Македонија да не биде вклучен во името на нашата земја.
Генимата, заклучува дека никој не може да има доверба во актуелната грчка Влада, во однос на прашањата за нејзината надворешна политика, јави дописничката на МИА од Атина.
- Пред неколку дена господинот Ципрас најави дека Владата прифаќа Горна Македонија како име за ПЈРМ. Денес министерот за одбрана изјави дека на било каков начин ќе ја спречи употребата на терминот Македонија. Но, задржувајќи ја до крај министерската фотелја. Ако не стануваше збор за чувствителни национални прашања ќе говоревме за невкусна фарса и комедија. Заклучок: Никој не може да има доверба во оваа влада за водење на нашите национални прашања, коментира Генимата.
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите