Генерален штрајк во Грција против економските мерки и социјалните реформи
Грција денеска повторно е блокирана поради генерален штрајк на синдикатите во земјата против економските мерки и социјалните реформи, јавија грчките медиуми.
Поради штрајкот, блокиран е железничкиот и морскиот сообраќај во земјата. Градскиот сообраќај се одвива на неколку часа. Летовите се откажани, а болниците примаат само итни случаи.
Железничарите протестираат против приватизацијата на секторот.
Штрајкот е поддржан и од јавната администрација.
За денеска се планирани и протести во целата земја против невработеноста и високите даноци.
Штрајкот е против мерките за зголемување на конкурентноста на грчкиот пазар. Тие се дел од пакетот за ограничувања, договорен во рамки на третата помош што земјата ја добива по финансиската криза во 2010 година.
Мерките опфаќаат законски ограничувања во врска со правото на синдикатите да организираат штрајк и зголемување на можноста на работодавачите да ги отпуштаат работниците.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка